Рустемовски со убедлив старт на ЕП, следен предизвик боксер од Англија! 

Одличен старт за Ален Рустемовски на Европското сениорско првенство во бокс, кое се одржува во Софија, Бугарија.

Македонскиот боксер во својата прва борба на континенталниот шампионат делуваше доминантно и со убедливи 5-0 го совлада претставникот на Луксембург, Беник Мелкумиан.

Новиот предизвик за македонскиот боксер следува на 21 септември, кога во осминафиналето ќе се соочи со претставникот на Англија, Вилијам Хевит.

Рустемовски на најдобар можен начин го започна настапот во Софија, а сега ќе има можност да направи уште еден чекор кон висок пласман, по освоената бронза на Медитеранските игри во Таранто.