Рустемовски: Сега мора да се задоволиме со бронза, но целта е пласман на ЛОИ 2028!

Македонскиот боксер Ален Рустемовски, по учеството на Медитеранските игри и освоениот бронзен медал, ги изнесе своите впечатоци од целокупниот настап во италијанскиот Таранто. 

Нашата делегација испрати жалба за судењето во полуфиналето против Марин Хернандез, а Рустемовски е малку разочаран, затоа што нескромно рече дека целта била да се освои златниот медал. 

„Мислам дека сите го сакавме златото, тоа беше нашата цел, но мораме да се задоволиме со бронзениот медал. Сега мислите ги насочувам кон двете европски првенства, најпрво од 15 септември во конкуренција на сениори, а потоа во ноември и на турнирот за боксери до 23-годишна возраст. 

Можеби главната цел во мојата кариера е настап на Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година. Се надевам дека ќе се видиме таму. Благодарам на сите кои досега ми даваа огромна поддршка“, изјави нашиот боксерски ас. 

Рустемовски се прикажа во одлично светло на Медитеранските игри. Успеа да ѝ донесе на Македонија уште едно одличје, иако призна дека неговите цели биле уште повисоки.