• Саше Љолес
Македонскиот боксер Ален Рустемовски ќе има историска шанса да настапува во финале на Европско првенство во сениорска конкуренција, откако денес веќе оствари голем успех и беше подобар од Ерменецот Базејан, освојувајќи најмалку најмалку бронзен медал.
Противник на Рустемовски во полуфиналето ќе му биде Аидер Абдураимов од Украина, двократен европски младински шампион, кој сигурно ќе пружи силен отпор за пласман во „златниот меч“.
За Рустемовски ова е нова одлична шанса за уште подобар настап на континенталниот собир, каде веќе ги освои симпатиите со своите досегашни појавувања во рингот.