• Мартин Танасковски

Ален Рустемовски и Аријан Исени, двајцата македонски боксери, ќе бидат репрезенти на Светското сениорско првенство во бокс кое ќе се одржи во Ташкент, Узбекистан.
Во присуство на тренерот Јове Петровски и нашиот поранешен боксер и потпретседател на Боксерска федерација, Фатон Салиху, двајцата боксери ги презентираа своите очекувања од настапот.
На најголемото светско натпреварување ќе се има одлична можност за презентација на македонскиот бокс, а сето тоа се разговараше со директорот за Агенцијата за млади и спорт (АМС), Наумче Мојсоски.
Ален Рустемовски ќе настапи во категорија до 57 килограми, а Исени во категорија до 80 килограми. Светското првенство во бокс ќе се одржи од први до петти мај.