ВИДЕО: Рустемовски го нокаутира Зенели и обезбеди медал за Македонија во Таранто!

Македонскиот боксер Ален Рустемовски имаше уште еден одличен настап на Медитеранските игри во Таранто, совладувајќи го во четвртфиналето Албанецот Ариол Зенели, 

Рустемовски одново се прикажа во одлично светло и успеа да ја покаже својата моќ против ривалот од Албанија, кој доживеа шок по одличната серија удари на нашиот репрезентативец. До победата нашиот боксер стигна со технички нокаут во третата рунда. 

Овој триумф автоматски значи дека Рустемовски се пласира во полуфиналето, каде ќе има можност да се бори за уште еден медал од големите натпреварувања, а воедно и да ја збогати колекцијата за нашата држава од Медитеранските игри.