Русинот Тишенко е нов боксерски олимписки шампион во категоријата до 91 килограм

Рускиот боксер Евгени Тишенко е нов олимпискиот победник во дисциплината до 91 килограм. Тој во финалето беше подобар од Васили Левит од Казахстан со 3-0 на поени.

Бронзените медали ги освоија поразените во полуфиналните дуели, Сулејман Диоп Сисоко од Франција и Мохамед Раби од Мароко.

Во оваа категорија беа пријавени 32 боксери од целиот свет. Вечерва следи уште една финална дисциплина во рингот и уште пет четвртфинални борби како најава за мечевите за медали.