• Зоран Мишевски
Реванш мечот за титулите во тешка категорија во бокс помеѓу Мексиканецот Енди Руиз Јуниор и Ентони Џошуа веќе има прецизен термин. Двајцата боксери ќе излезат во рингот во Саудиска Арабија на 7 декември.
Двајцата боксери ќе добијат 100 милиони долари за борбата во Ријад, а бубмејкерите се поделени околу фаворитот. Руиз го изненади Џошуа во „Медисон сквер гарден“ во Њујорк и ги освои ВБА, ИБФ и ВБО титулите во тешка категорија. Џошуа сакаше дуел во Британија, но понудата од Саудиска Арабија беше далеку подобра од тие во Велс и Дубаи.
Првата борба меѓу Енди Руиз Јуниор и Ентони Џошуа:
Ријад беше домаќин и на неодамнешниот спектакл кога Амир Кан од Велика Британија го победи Били Диб и ја одбрани титулата.