Реванш мечот меѓу Белју и Хеј договорен за 5 мај следната година

Бокс спектаклот помеѓу поранешниот шампион во тешка категорија, Дејвид Хеј и Тони Белју ќе се одржи на 5 мај во „О2 арената“ во Лондон.

Белју го совлада Хеј во март оваа година, а римеч требаше да организира кон крајот на годината, но Хеј се повреди на тренинг и мечот се одложи.

„Можам да потврдам дека реванш мечот е договорен. Имам јасен план за 2018 – прво да го нокаутирам Дејвид Хеј, а потоа на ред ќе дојде Тајсон Фјури. На двајцата ќе им ги завршам кариерите“, се закани Белју.

Не се откриени сумите кои двајцата боксери ќе ги добијат за борбата во мај следната година.