ВИДЕО: Ретко виден нокаут во женска конкуренција – брутални шест удари за седум секунди

бокс

Американската боксерка Сениеса Естрада ја продолжи доминацијата во рингот и стигна до скор од 19-0.

Таа без проблем ја победи Миранда Еткинс на борбата која беше одржана во Калифорнија. Еден од најбрзите нокаути во боксерската историја го оствари со шест брутални удари во само седум секунди.

За 28-годишната боксерка од Лос Анџелес ова е продолжение на серијата без пораз во кариерата. Ако продолжи така, сигурно дека ќе заврши на високо место, меѓу најдобрите на сите времиња.