Регионалната лига во бокс доби нов спонзор, нашиот Пинк Пантер дебитира против Војводина

Регионалната лига во бокс која само што не започнала денес одржа прес-конференција во Нови Сад и го претстави новиот проект и новиот спонзор на лигата. 

На презентацијата присуствуваа претставници од боксерскиот клуб Лозница и Лазаревац од Србија, Сесвете од Хрватска, Славија од Бања Лука, Бијелина - Работник, Пинк Пантер од Македонија, српскиот Спартак Суботица и Војводина, како домаќин на состанокот.

Претседателот Јурица Рунтиќ и селекторот на српската репрезентација Томислав Антељ зборуваа за значајот на натпреварувањето за боксот на овие простори. Регионална боксерска лига ќе биде спонзорирани од компанијата Будо спорт рибар од Загреб, а денес ги претстави и боксерски ракавици Топ тен кои клубовите ќе ги користат на мечевите.

Првото коло е закажано за 4 март, а нашиот претставник Пинк Пантер ќе се сретне со Војводина Спартак.