Регионалната лига ја оживува благородната вештина

Регионална боксерска лига е тема на која се разговараше доста во минатите години. На еден од состаноците за соработка на боксерските работници од регионов во Нови Сад и Лозница, повторно се отвори темата за ваков тип натпреварување и по иницијатива на неколку клубови од Србија, беа свикани уште неколку состаноци и веќе подоцна во Скопје, Бања Лука и Загреб идејава беше реализирана.

Беше изгласан правилник, раководство и регистриран правен субјект. По 25 години пауза се е спремно за боксерска лига од балкански размери. Во првата сезона за титулата ќе се борат 7 клуба од 4 држави. Лозница, Лазаревац и Војводина-Спартак ќе ги бранат боите на Србија, Радник Бјелина и Славија Бања Лука од Босна и Херцеговина, Сесвете ќе ја претставува Хрватска и Пинк Пантер Македонија.

В година веќе има интерес и од клубови од други држави, па ништо не ја исклучува можноста за воведување и втора лига. Регионалната лига привлече доста внимание и благородната вештина повторно ке биде водечки спорт за навивачите, салите секогаш ке се преполни, спорт кој ќе ги врати моментите кога боксот се гледаше повеке од фудбалот и ќе биде спорт во регионот преку кој што ќе се истакнува моќта на нацијата.