• Мартин Танасковски

Бугарскиот боксер Кубрат Пулев го предизвика и ќе влезе во ринг со Ентони Џошуа, а борбата ќе се одржи во Англија
Местото на настанот ќе биде стадионот на Тотенхем во Лондон, а Пулев едвај чека на настанот затоа што истакна дека сака да покаже пред светот каква е неговата сила.
Ентони Џошуа се враќа во Англија за првпат по септември, 2018 година, кога го победи Александер Поветкин. Британскиот боксер врати три појаси по победата на поени над Енди Руиз во декември.
Борбата меѓу Пулев и Џошуа е закажана на 20 јуни.