• Мартин Танасковски

Бугарскиот боксер Кубрат Пулев изјави дека нема намера да се повлече од мечот за титулата во тешка конкуренција со Ентони Џошуа без разлика на се и дека е подготвен да оди на мегдан со ривалот.
Мечот беше одложен поради пандемијата со коронавирусот, а новиот датум е закажан за 20 јуни на стадионот на Тотенхем во Лондон. Имаше шпекулации дека Пулев ќе биде платен за да се повлече од борбата, а Џошуа да оди на мегдан со Фјури, арно ама...
„Гледам дека се плашат од мене и се обидуваат да се соочат со некој друг пред мене. Така не би требало да се однесува светски шампион. Постојат две опции - да ја предадеш титулата, или да влезеш во рингот“, изјави Пулев.
Рекордот на Пулев е 28 победи на 29 натпревари, додека Џошуа има 23 победи на 24 борби.