Пулев доби тужба од новинарката која ја бакна, а потоа ја фати за задник

Пулев

Бугарскиот боксер Кубрат Пулев стана хит на социјалните мрежи поради својата реакција по победата над Богдан Дину.

Тој ја бакна новинарката Џени Суше откако заврши интервјуто, а потоа наводно ја фатил за задник, но тоа го направил зад камерите. Знаејќи дека со бакнежот претерал, веднаш побарал истиот да биде скратен од видеото, на што Американката му дала негативен одговор.

И не само тоа. Таа ја ангажирала најдобрата адвокатка во САД, Глорија Алред, со која подготвила тужба на сметка на Бугаринот поради неговото однесување.

Суше и нејзината претставничка одржаа прес конференција за медиумите на која побараа да се разгледа укинување на лиценцата за натпреварување на Пулев. 

„Сакаме на жените да им обезбедиме сигурност и самодоверба кога си ја извршуваат својата работа и да бидат слободни од било какво изживување“, беа зборовите на Алред.

Пулев подоцна испрати порака преку својот Твитер профил и на јавноста и даде до знаење дека тој и Џени се добри пријатели и дека ситуацијата максимално се прошири без никаква причина.