Пулев доби суспензија и парична казна за „сексисам“ поради бакнежот на новинарка

Бугарскиот боксер Кубрат Пулев нема да може да боксува во наредните шест месеци, затоа што Атлетската комисија во Калифорнија му изрече санкција поради бакнежот на новинарката за време на интервју.

Популарната „Кобра“ во Лас Вегас успеа да слави по тешка борба над Богдан Дину, а по дуелот, Џенифер Равало го чекаше за интервју. Двајцата зборуваа нешто повеќе од една минута, а Пулев не издржа, па непосредно пред крајот на интервјуто ја бакна в уста.

>>> ВИДЕО: Лудиот Пулев бакна секси-новинарка за време на интервју!

Спортскиот раководен орган реши да му се одземе лиценцата на Пулев и тој да не може да боксува до 23 септември. Но, Бугаринот ќе биде ослободен порано од предвиденото, ако заврши курс за спречување сексуално вознемирување. Тој ќе мора да се јави на суд на 22 јули и ако ја приложи целосната документација, ќе му биде укината суспензијата.

>>> ВИДЕО: Новинарката која го тужи Пулев за бакнежот, на забавата им мешала во скут!

Покрај суспензијата, Пулев ќе мора да плати и 2.500 долари. Нареден таков испад на боксерот ќе значи доживотна суспензија од овој спорт.