ВИДЕО: Пуленот на Мејведер го „заспа“ противникот со перфектен аперкат

Талентираниот Џервонта Дејвис стигна до скор од 24 победи и ниту еден пораз. Американецот во шестата рунда го нокаутира Лео Санта Круз и тоа на спектакуларен начин, одушевувајќи ги боксерските фанови ширум светот. 

Неговиот противник добро ја започна борбата, но потоа остави простор Дејвис да упати стравичен аперкат и да ја заврши борбата.

Овој потег е одличен показател зошто непоразениот боксер го носи прекарот „Мајк Тајсон“.

По борбата Мексиканецот испрати порака до фановите и им се заблагодари за поддршката.