Промовирана монографијата „Шабан Сејдиу – Сјајот на ѕвездата“

Викендов во Скопје одржи промоција на монографијата на нашиот спортски великан, Шабан Сејдиу – „Шабан Сејдиу – Сјајот на ѕвездата“.

Сејдиу е еден од нашите најтрофејни спортисти во историјата. На 31 јули 1980 година е освоен првиот медал во борење слободен стил на Олимписките игри. Тоа е бронзениот медал на Шабан Сејдиу кој го освои на Олимпијдата 1980 година во Москва.

Сејдиу го повтори успехот и на Олимписките игри во Лос Анџелес 1984 година кога пак го освои бронзениот медал.

Во кариерата Шабан Сејдиу освоил повеќе медали, најчесто како член на БК Скопје. Најдобри резултати му се четири златни медали (1974–1979) и еден сребрен на шест младински балкански првенства слободен стил. Настапи на единаесет европски првенства (1975–1987), а има сребро од Познањ (Полска, 1976), златни медали во Бурса (Турција, 1977) и во Будимпешта (Унгарија, 1983). На светските првенства (1975–1987) освои две младински и четири сениорски, сребрени медали во Лас Вегас (САД, 1977), Лозана (Швајцарија, 1977) и Скопје (1981). Медали донесе и од четири Медитерански игри (1975–1987) – златни медали во Алжир (1975) и Сплит (1979), а од четири настапи на Олимписките игри (1976–1988) се закити со бронзени медали во Москва (СССР, 1980) и во Лос Анџелес (САД, 1984).