Пристигна Кубанецот Соjет кој една година ќе работи со македонските боксери

Денес и официјално започна со работа боксерскиот камп на млади македонски таленти во Струга. Досегашниот селектор Петар Чурлиновски го пречека гостинот од Куба, Хесус Соjет. Тој е познат учесник на Европски и Светски првенства, носител на медали и во иднина ќе работи со македонските боксери.

Кубанскиот тренер има договор со Боксерската федерација на Македонија за една година и прва негова активност ќе  биде кампот во Струга.

„Се запознав со кубанскиот тренер, кој треба да даде свој придонес за унапредување на тренажниот процес на македонските боксери. Веројатно во иднина ќе ги селектира сите боксери. Верувам дека ќе биде од голема полза за македонскиот бокс. Двапати на ден ќе тренираме во Струга и верувам дека тоа ќе даде резултати“, изјави селекторот Петар Чурлиновски.

Прва долгорочна цел е учество на македонски боксери на Летните Олимписки игри во Токио.