Примислав Димовски ја доби довербата, останува претседател на БФМ

По ланското вонредно годишно собрание на Боксерската федерација на Македонија, раководните структури во Скопје одржаа редовно годишно собрание. 

На чело на БФМ остануваат Примислав Димовски како претседател и Блаже Донев и Фатон Салиху како потпретседатели. 

„Првите настапи боксерите ќе ги имаат во февруари. Јасин Лама, Гоце Јаневски и Арсин Етеми ќе учествуваат на два турнира во Бугарија и во Словенија. Тоа ќе биде прв тест пред Еврпопското првенство за боксери до 22 години. Се планира и доведување странски тренер од Куба или Русија. Сметам дека и во иднина боксот ќе ни носи нови радости“, рече селектороот Петар Чурлиновски.

Беше оценето дека боксот во Македонија оди по нагорна линија, а наскоро сите клубови ќе добијат опрема од генералниот спонзор.