Примислав Димовски едногласно реизбран за претседател на БФМ

Синоќа се одржа изборно собрание на Боксерската федерација на Македонија, на кое досегашниот претседател, Примислав Димовски доби едногласна доверба од делегатите да ја предводи федерацијата во следните четири години.

Собранието се одржа во просториите на салата за состаноци на Град Скопје, а присуствуваа 28 делегати. Сите едногласно одлучија Примислав Димовски и натаму да биде прв човек на Боксерската федерација на Македонија.

Нови членови на Управнито одбор се Фатон Асани, Душко Сачкарски, Самет Саливески, Петре Неделковски, Горан Трајановски, Ден Дончев, Блажо Донев и Фатон Салиху, кој воедно е реизбран за потпретседатен на федерацијата.