Претседателот на Европската бокс федерација на работна посета во Скопје

Изминатите денови во Скопје во работна посета на Националната Боксерска Федерација и на Министерството за Спорт на Република Македонија, беше првиот човек на Европската Боксерска Федерација господинот доктор Јоанис Филипатос.

Почесниот гостин беше запознаен со работата на новото раководство на Националната Боксерска Федерација, Кристијан Андреевски како и ново избраниот министер во Министерсвото за спорт господинот Борко Ристовски.

„Уште еднаш како Национална Боксерска Федерација изразуваме голема благодарност за несебичната и огромна подддршка за развој на боксот од страна на министерот за спорт господинот Борко Риствовски“, напишаа од бокс-федерацијата.

Исто така се разговораше за идните планови, соработка и реализација на најавените нови проекти во областа на боксот.