Предизвикувачот на Џошуа падна на допинг тест

На месец и пол до спектаклот во „Медисон Сквер Гарден“, американскиот боксер Џарел Милер падна на допинг тест.

Популарниот „Биг Бејби“ бил позитивен на забранетата супстанца „GW1516“. Целата иронија во ситуацијата се зборовите на Американецот кој на прес-конференцијата го обвини својот противник дека користи недозволени средства кои се заслужни за неговиот успех.

Борбата беше закажана на 1 јуни и требаше да биде деби за Џошуа на американско тло.

Од таборот на Милер ја потврдија оваа информација, но најавија дека ќе продолжат со тренинзите додека се расчисти ситуацијата.