ВИДЕО: Пред 27 години Бастер Даглас го патосираше Мајк Тајсон во Далас

Еден од најдобрите боксери на сите времиња. Мајк Тајсон со 20 години стана најмлад светски шампион во ноември 1986 година. Еден од ретките негови порази во кариерате се случи на денешен ден пред 27 години, кога Бастер Даглас му нанесе болен и неочекуван пораз на Тајсон. 

„Челичниот Мајк“ беше нокаутиран во десеттата рунда и ги загуби трите титули во тешка категорија.

По овој пораз кариерата на Тајсон му тргна надолу, беше обвинет за силување и заврши во затвор, а иако се врати во рингот по поразите од Холифилд, никогаш не беше на врвот како во деведесеттите.