Позната заработката за бокс-спектаклот во Ријад, Усик доби повеќе пари

Олександр Усик го совлада Тајсон Фјури во вториот бокс меч на овие двајца во една година. На спектакуларниот настан во Ријад, Украинецот по одлука на судиите со резултат 116-112 го доби реваншот. 

За разлика од првиот меч пред седум месеци, овојпат Усик ќе има подобра заработка од Фјури. Двајцата боксери за овој меч ќе поделат 191 милиони долари, од кои околу 100 одат за победникот Усик, според договорот од 55-45%. 

Инаку, во првата борба од вкупната награда Фјури доби 70% од заработката која беше поставена на 150 милиони долари.