Познат противникот на Матеј Чатлески на бокс турнирот во Бор

Професионалниот боксер Матеј Чатлески и редовен студент на Факуктет за Електротехника и Информациски Технологии при универзитетот „Кирил и Методиј" во Скопје, викендов ќе настапи во градот Бор, Србија на силниот боксерски турнир. Таму ќе ги одмери силите со искусниот боксер Милош Јањанин од Босна и Херцеговина.

Противникот Јањанин е официјално одобрен од промоцијата „Balkan Boxing", што гарантира квалитетен и сериозен меч за Чатлески. Оваа борба ќе биде испитна борба во 4 рунди, важен тест за формата и подготвеноста на македонскиот професионалец, кој чекор по чекор ја гради својата кариера на професионалната сцена.

Настанот е во организација на промоцијата „Balkan Boxing", а главен организатор е Ненад Боровчанин.