• Горан Упале

Долгоочекуваната „борба на векот“ конечно го доби својот датум. Некогашниот повеќекратен шампион во бокс, Флојд Мејведер и првакот во УФЦ, Конор МекГрегор и официјално договорија боксерски меч, кој ќе биде одржан на 26 август во Лас Вегас.
Борбата ќе се одржи по нормални боксерски правила, иако МекГрегор никогаш не боксувал професионално, но сепак ја поседува потребната боксерска лиценца. Дефинитивно ова ќе биде најголемиот боксерски спектакл во последната деценија, а американските медиуми шпекулираат дека двајцата борци за овој меч ќе заработат по 100 милиони евра.
Овој боксерски спектакл на својот Инстаграм профил го најави и самиот Мејведер, кој пред две години се пензионира како непоразен во 49 професионални борби.