Поветкин: Верувам дека судбината ќе ми даде реванш со Кличко

Рускиот боксер Александар Поветкин очајно посакува реванш меч со Кличко, иако Украинецот ги загуби сите појаси против Тајсон Фјури.

 „Моја голема желба е реванш со Кличко и се надевам дека судбината ќе ми даде можност повторно да се сретнеме. За мене титулите никогаш не биле од особено значење. Секогаш целта ми била да боксувам со најсилните боксери“, рече Поветкин.

И покрај големата желба на Поветкин, шансата да дојде до оваа борба се многу мали, посебно во 2016 година.