Поветкин позитивен и во Б примерокот на остарин, му се заканува долга суспензија

Рускиот професионален боксер во тешка категорија, Александар Поветкиндоби лоши вести, откако и Б примерокот на забранетата супстанца за подобрување на физичката издржливост, остарин му беше позитивен. Ако биле доследна светската боксерска федерација, ќе му изрече долга суспензија на рускиот боксер. 

Tестот од 6 декември минатата година е позитивен и дури и жалбата не му помогна на Русинот. Боксерот дал примероци и на 13 и на 15 декември, кои се проверени во лабораторија во Лозана и се негативни. Затоа Светскиот боксерски совет не го казни Русинот.

Сепак Поветкин на 17 декември во Екатеринбург требаше да се бори за титулата, но Бирмејн Стиворн ја одби борбата по информацијата за позитивниот допинг-тест на противникот.

Наместо со него, Поветкин излезе во рингот против Французинот Жоан Дјуопа и го нокаутира во шестата рунда.