• Сашо Поповски
По долги преговори, реваншот помеѓу Генади Головкин и Канело Алварез доби свој датум. Истиот ќе се одржи на 5 мај оваа година, а повторно, како и на претходниот дуел, благ фаворит е боксерот од Казахстан.
Не е официјално, но најверојатно Лас Вегас повторно ќе биде местото каде што ќе биде борбата. Минатиот септември, Мексиканецот и Казахстанецот првпат се судрија, а по 12 рунди на крај немаше победник. Вакиот исход најави дека реваншот ќе биде неминовен, а само се чекаше официјална потврда на денот.
Головкин има скор од 37 победи и еден дуел без победник, а Алварез на спротивната страна стои со 49 победи, едно реми и еден пораз.