Последно соочување пред спектаклот: Фјури и Вајлдер подготвени за трилогијата (ВИДЕО)

Фјури

Овој викенд ќе се одржи третата борба меѓу Тајсон Фјури и Деонтеј Вајлдер. Британецот победи на второто соочување и сега ќе го брани шампионскиот појас од големиот ривал, кој се закани дека оваа сабота работите ќе завршат во негова полза.

Последната прес-конференција донесе последна „војна на зборови“ пред борбата. Фјури смета дека победата за него ќе биде лесна како на претходните две борби, а Вајлдер, кој го промени целиот тренерски тим, верува дека тој ќе излезе од рингот со подигнати раце.

Британскиот првак го освои ВБЦ шампионскиот појас по победата лани во февруари. Тоа беше крај на петгодишното владеење на Американецот во оваа дивизија.

Борбата првично беше закажана за 24 јули, за потоа да се одложи до октомври, откако Фјури доби позитивен тест на ковид-19.