Последно коло на боксерската лига, четири екипи со шанси за титулата

Утре во Скопје ќе се одржи последното шесто коло на Првата и младинска лига на Македонија во бокс. Колото ќе одржи во салата „Македонски херои“ при Факултетот за физичка култура и здравје со почеток во 15:00 часот.

По пет кола на водечките позиции се Аперкат во Првата и Фамилија Демирови во Младинската лига. Интересно ќе биде во Првата лига, бидејќи Шкендија но лимит има најголеми шанси да го загрози водечкиот Аперкат, но може да се вмешаат и Шкупи и Алексо Огненовски.

Последното коло ќе го организираат БК Аперкат и Боксерската Федерација.на Македонија,