• Сашо Поповски

Боксерската легенда, Мухамед Али денес беше погребан во родниот град, Луисвил. Самиот Али уште пред десет години ги испланира деталите за свoјот погреб и уште тогаш сакаше тој да биде отворен за јавноста.
The final journey. #MohammadAli pic.twitter.com/SDaO7OIzgR
— Ali. (@iPakistani10) June 10, 2016
Ковчегот на погребот го носеа Ленокс Луис, Мајк Тајсон, Вил Смит и многу други познати личности. Портпаролот на легендарниот боксер изјави дека наместо голема гробна плоча, на гробот ќе стои обичен камен на кого ќе пишува „Али“.
Мухамед Али почина на 74 годишна возраст минатиот петок, откако водеше долгогодишна борба со Паркинсовата болест.