• Зоран Мишевски
Прерано, уште во првото коло заврши Европското првенство за боксери до 22 години за македонските репрезентативци.
На големиот собир во Тиргу (Романија) двајцата боксери од Македонија, Јасин Лама и Љуљзим Исмаили претрпеа порази на стартот од натпреварувањето.
Единствениот наш боксер кој остана во конкуренција е Гоце Јаневски, кој денес ќе боксува против Протон Чапел Ланселот.
За Македонија ова е прво учество на едно европско натпреварување по цели шест години.