Порази на Зулали и Јонузов за „Младинската златна ракавица“ во Сомбор

Двајцата македонски боксери, Емет Зулали и Хурмет Јонузов загубија во првите борби на меѓународниот турнир „Младинска златната ракавица“ во Сомбор, Србија. Зулали е поразен од хрватскиот боксер Леон Мајсторовиќ, а Хурмет Јонузов од Филип Џиниќ од Србија. 

Покрај Зулали и Јонузов, вечерва ќе настапат и Бобан Мијалев и Серхан Демиров. Словенецот Прохор Разанов ќе биде противник на Мијалец, а Демиров ќе се соочи со Немања Поповиќ од Босна и Херцеговина.

На турнирот настапуваат 70 боксери од Србија, Македонија, Црна Гора, Словенија и Босна и Херцеговина.