Порази на македонските боксери на Европските игри во Краков

Двата македонски боксери се поразени на поени на Европските игри во Полска. Илхан Озмен загуби 0-5 од Џанлуиџи Малања од Италија, а Ален Рустемовски не успеа да се справи со Швеѓанецот Ибрахим Махмуд. 

Надежите за победи се свтрени кон Арјан Исени кој денес се среќава со Михаил Цамалидис од Грција.

57 кг. - Ален Рустемовски – Ибрахим Махмуд (Шведска) 1-4 (28-29, 28-27, 26-30, 28-29, 27-30)
63,5 кг. - Илхан Озмен – Џанлуиџи Малања (Италија) 0-5 (27-30, 26-30, 27-30, 26-30, 26-30)
80 кг. - Арјан Исени - Цамалидис Микалидис (Грција)