Порази на Демиров  и Љама во полуфиналето на меѓународниот турнир „Влазнија 2019“ во Скадар

Македонските  боксери се поразени во полуфиналето на меморијалниот турнир „Влазнија 2019“ во Скадар. Џан Демиров во категоријата до 56 килограми загуби со прекин по два нокдауни во првата рунда од Мухамед Џамили од Албанија.

Јасин Љама по голема борба во три рунди загуби со 2-1 од Џузепе Канонико од Италија во категоријата до 60 килограми. Со овие порази завршија настапите на нашите боксери на овој турнир.

Утре во финалето, Македонија ќе има претставник, но кај судиите. Стефан Цубалевски ќе суди еден меч на завршните натпревари на турнирот.