Поразениот заработи трипати повеќе од победникот во „борбата на векот“

Украинскиот боксер Олександр Усик стана апсолутен првак во тешката категорија на боксот, откако ја доби „борбата на векот“ против Тајсон Фјури. По дванаесет рунди тешка борба победата му припадна на Украинецот кој во деветтата направи најголем исчекор кон славјето. 

Оваа борба која го доби епитетот за најдобра во векот носи вкупна заработка од 195 милиони евра. Од пред стартот беше договорено дека Фјури ќе заработи 70%, додека останатите 30% одат кај Усик. 

Тоа значи дека поразениот во „борбата на векот“ ќе заработи 145 милиони долари, додека Украинецот ќе добие „само“ 50 милиони. Усик веќе најави дека од добивката еден милион долари ќе донира за одбрана на Украина од руската агресија.