Пораз за Пинк Пантер во првото коло од Регионалната боксерска лига

Во првото коло од Регионалната боксерска лига екипата на Пинк Пантер се претстави во добро светло, но забележа минимален пораз од 10-6 од искусните и добро подготвените боксери на Спартак Војводина.

Гоце Јанески во категоријата до 75 килограми како и тешкашите Марко Доциќ и Александар Димовски – Димса прикажаа најдобри борби и извојуваа лесни победи, додека иако загуби со 3-0, одлично избоксова и младиот Мартин Алексов. 

Борбите од дуелот меѓу Пинк Пантер и Спартак Војводина се одржаа во салата „Јордан Мијалков“, која беше исполнета до последно место.