Пораз за Асанов на отворањето на ЕП во бокс за јуниори во Русија

Синоќа на Европското првенство во борење за јуниори во Русија, во рингот дебитираше Елес Асанов, во категоријата до 52 килограми. Нашиот боксер на поени загуби од Шкотот Давид Кин.

Денес во Русија ќе настапи и вториот македонски боксер Алпај Демиров. Во категоријата над 80 килограми нашата селекција ќе ја претставува и Адријан Аземи.

Македонските боксери медал не освоиле уште од 1997 година, кога Европското првенство за кадети се одржа во Битола, а македонските боксери освоија три медали: златен на Фатон Салиху и бронзени за Дарко Чатлески и Георгиевски.