Пораз на Арсим Етеми, денес дебитираат Јасин Љама и Џан Демиров на „Влазнија 2019“ 

Македонската боксерска делегација има нова активност. Група наши боксери од вчера настапува на меѓународниот турнир „Влазнија“ во Скадар, Албабија. Пријавени се тројца наши боксери во сениорска конкуренција.

Арсим Етеми веќе го заврши настапот со пораз од Симоне Фиори од Италија во категоријата 81 килограми. Денес настапуваат Џан Демиров во категоријата до 56к килограми, Јасим Љама ќе се натпреварува во категоријата 60 килограми и двајцата боксери се пласираа во полуфинале на турнирот.

На штотуку завршениот меѓународниот турнир „Емил Жечев“ во Ботевград, Бугарија, македонскиот кадетски репрезентативец Ардијан Аземи освои златен медал во категоријата 80+ килограми.