Поранешен боксерски шампион бил монструм, му следи затворска казна од 18 години!

Поранешниот светски шампион во бокс во велтер категорија, Карлос Балдомир е осуден на 18 години затвор заради сексуално злоставување на својата осумгодишната ќерка.

48-годишниот Аргентинец беше уапсен пред три годими по обвиненијата од неговата поранешна сопруга. Заради повторено сексуално злоставување на малолетничка, боксерот доби голема затворска казна на која одговори со подигнат среден прст.

Балдомир во 2006 година го победи шампионот на ВБЦ во велтер, Заба Јуда и му го одзеде шампионскиот појас. Победувајќи го Артур Гати се избори да влезе во ринг со Флојд Мејведер, но загуби со едногласна одлука на судиите. 

Поранешниот боксерски шампион има три ќерки од првиот брак.