Поранешен американски шампион во бокс паднал во кома откако се заразил од ковид-19

Некогашниот американски боксер, 52-годишниот Дерик Џеферсон падна во кома, откако беше констатирано дека е заразен со коронавирус, пренесуваат американските медиуми. Неговиот син Џебри Џеферсон на локалните медиуми им ја пренесе веста за здравствената состојба на неговиот татко.

„Првиот тест на коронавирус беше негативен. Мислевме дека е само грип, но на вториот тест се покажа дека е позитивен на вовид-19“, кратко изјави синот на Дирик.

Дерик Џефеерсон го започна периодот на рехабилитација и надежта на најблиските и неговите фанови е дека наскоро ќе излезе од кома.

Во својата боксерска кариера Џеферсон запиша 28 победи, од кои 21 со нокаут. Во 2001 година ги вкрсти ракавиците со Украинецот Владимир Кличко за титулата светски шампион и запиша еден од трите порази во кариерата.