Понуда за Фјури и Кличко: Реванш на јахта пред 120 шеици за 120 милиони долари

Арапски шеик им понуди скокотлива понуда за боксерски меч на најдобрите боксери на денешницата, светскиот боксерски шампион Тајсон Фјури  и Владимир Кличко. Станува збор за меч на приватна јахта на еден арапски шеик пред избрана публика, за награда вредна 120.000.000 долари.

„Еден арапски шеик сакаше да организира наша борба додека крстариме по океан, пред избрана публика од 120 светски милионери кои би платиле по 1.000.000 долари за да го проследат нашиот меч. Без телевизија, без новинари, само најбогатите луѓе на светот. Беа мртви сериозни“, изјави Фјури и додаде „И Владимир и јас сакавме да ја прифатиме таа идеја ,бидејќи наградата беше 120.000.000 долари, но идејата пропадна затоа што нашите фанови се побунија дека нема да можат да присуствуваат и да го гледаат мечот“. 

Светскиот шампион по пропаднатата понуда се надева дека ќе ги наговори промотерите на Кличко за реванш на „Вембли“.