Почнува 53-тото издание на „Златниот гонг“, конкуренцијата никогаш поголема

Една од традиционалните спортски манифестации во нашаата земја, 53-тото издание на Меѓународен боксерски турнир „Златен гонг“ почнува денес во Скопје. На овој престижен турнир се пријавија боксери од дваесет земји.

Од Боксерската федерација на Македонија (БФМ) истакнаа дека само репрезентациите на Индија, Казахстан и Јапонија треба да обезбедат визи и да се комплетрираат учесниците.

Според пријавите, треба да очекуваме силна конкуренција на Златниот гонг кој оваа година ќе се одржи од 3 до 7 мај во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје. Четвртфиналните борби ќе се одржат на 4 мај, полуфиналните на 5 мај, додека финалето е на 6 мај.

„Златниот гонг“ сезонава е дел од календарот на Европската аматерска боксерска федерација (ЕУБЦ).