Почина поранешен трикратен боксерски шампион во суперсредна категорија

Поранешниот шампион во бокс во суперсредна категорија во ВБЦ верзијата, Маркус Бејер,  почина вчера во болница во Берлин. 47-годишниот Бејер почина по кратко боледување.

Германецот е освојувач на бронза од Олимписките игри во 1996 година во Атланта, а истата година стана професионалец. Во 1999 година Бејер го симна од тронот Ричи Вудхол за првата ВБЦ титула, а во 2003 година го победи Ерик Лукас за втората титула.

Бејер се пензионира со скор од 35-3-1 (13 победи со нокаут).