Почина легендарниот боксер Марвин Хаглер

Благородната вештина е облеана во тага. Боксерската легенда Марвин Хаглер почина на 66- годишна возраст, објави неговата сопруга Кеј Хаглер. Марвин е поранешен светски првак во средна категорија и еден од најкултните најдобри боксери на сите времиња.

Хаглер оствари 62 победи на 67 меча, а 52 од нив беа со нокаут. Легендарна е битката со Томас Хернс во 1985 година, што медиумите ја нарекоа „Боксерската војна“ и ја доби Хаглер со нокаут во третата рунда. Првата рунда од тој меч е прогласена за боксерски класик и е една од највпечатливите на сите времиња.

Во кариерата водеше историски борби со Роберто Дуранд, Томас Хернс и Шугар Реј Леонард.