Победи на Најдовски и Палазовски на Државното боксерско првенство во Скопје

Изминатиот викенд во Скопје се одржа поединечното Државно првенство во бокс во сите категории, на кое љубителите на овој спорт може да гледаат многу интересни борби и очекувани резултати.

Со оглед на победниците може да се констатира дека фаворитите ја оправдаа довербата и Јасин Лама, Арсим Етеми, Алекасндар Најдовски, Ајхан и Илхан Озмен, Петар Арсовски, Ален Рустемовски без многу проблеми стигнаа до очекуваните медали. 

Но имаше и неколку изненадување, како Христијан Рајков, Рон Бајрами, Матеј Чатлески, Висар Јахии, Цветко Митревски, Зија Мамудов. 

Полуфинале
Кадети:

+80 кг Рон Бајрами (Шкендија но л.) – Мухарем Муареми (Шкендија бокс) 2-0
+80 кг Филип Димишков (Баргала) – Христијан Рајков (Аперкат) 0-2 (ТКО, Р2)
60 кг Ваљтон Незири (Фајтер Илери) – Бесам Реџепи (Чаир) 2-0
60 кг Рузѓар Асановски (Борец) – Дамјан Талимче (Ас) 2-0

Сениори:

69 кг Рамон Казиов (Пелистер) – Висар Јахии (Чаир) 0-2
69 кг Андреј Стојановски (Куманово) – Алум Насуфи (Синди) 0-2 (предадена)
75 кг Марко Здравковски (Куманово) – Цветко Митревски (Шкупи) 0-2
75 кг Октај Фератов (Борец) – Апај Демиров (Фамилија Демирови) 0-2

Финале
Кадети:

50 кг Лука Трифуновиќ (Илинден) – Леонарод Лима (Шкендија но лимит) 0-2
54 кг Леонит Мемеди (Шкендија но лимит) – Петар Арсовски (Чаир) 0-2
60 кг Филип Ивановски (Универзалци) – Зија Мамудов (Пинк Пантер) 0-2
70 кг Ендри Хани (Синди) – Влатко Василевски (Баргала) 2-0
75 кг Филип Гигов (Баргала) – Ери Хани (Синди) 0-2
80 кг Кораб Билибани (Шкендија бокс) – Матеј Чатлески (Ас) 0-2

Јуниори:

49 кг Хади Шекаби (Шкендија но лимит) – Џингис Рамадани (Борец) 2-0
56 кг Денис Фазли (Чаир) – Ален Рустемовски (Пелистер) 0-2 (ТКО)
64 кг Ресул Мамудов (Пинк Пантер) – Илхан Озмен (Универзалци) 0-2
69 кг Езан Мета (Синди) – Ајхан Озмен (Универзалци) 0-2
75 кг Илија Чингоски (А. Огненовски) – Давид Ѓорѓокески (Универзалци) 0-2

Сениори:
64 кг Јасин Лама (Чаир) – Дион Лена (Синди) 2-0
81 кг Али Аземи (Шкендија но лимит) – Арсим Етеми (Алексо Огненовски) 0-2
91 кг Александар Најдовски (Пелистер) – Филип Наковски (Фајтер Илери) 2-0
+91 кг Енес Палазовски (Чаир) – Азен Рамани (Синди) 2-0 (ТКО, Р2)