ВИДЕО: Победи на Арсовски и Алиу на Националниот куп во бокс во Врбас

Македонската кадетска репрезентација во бокс настапи на Националниот Куп на Србија во Врбас. Во финалната програма нашата репрезентација запиша две победи и два порази.

Петар Арсовски во категоријата до 46 килограми го победи Аца Вујинов од Србија со WP 3-0.

Лима Леонард во категоријата до 50 килограми загуби од Србинот Вукашин Тепиќ WP 3-0.

Хади Шехаби во категоријата до 52 килограми беше поразен од Матија Петровски од Србија со 2-1.

Победа запиша Енес Алиу во категоријата до 54 килограми против Дамир Јајиќ од Србија.