• Зоран Мишевски
Ален Рустемовски во првото коло на Европското првенство во бокс до 23 години во Софија го победи Витас Хацуеју и се пласира во осминафиналето, каде што ќе се сретне со Ирецот Рајан Гејвин Шејн. Дион Лена и Арјан Исени, пак, загубија во првите борби.
-57 кг Ален Рустемовски – Витас Хацуеју (ИБАБ) 5-0 ТКО Р2 1/16 финале
-60 кг Ружди Рустемовски – Џек Драјден (Англија) 13 октомври осминафинале
-63,5 кг Дион Лена – Лаша Гагнидѕе (Грузија) 0-5 1/16 финале
-71 кг Енис Алиу – Благовест Христов Неделчев (Бугарија) 14 октомври осминафинале
-80 кг Арјан Исени – Даниел Илјушонок (Израел) 2-3 1/16 финале
+92 кг Ардијан Аземи – Ловро Павчец (Хрватска)/ Васил Ткачук (Украина) четвртфинале 17 октомври
Утре во рингот ќе се појави Ружди Рустемовски (60 кг) против Џек Драјден од Англија, како и Ален Рустемовски во втората борба.
За медалите се борат 327 спортисти од 35 земји.