По три децении се возобновува Балканското првенство во бокс

Благородната вештина доби пријатна вест за почетокот на следната сезона. Балканското првенство во бокс по 30 години пауза повторно ќе започне од следната есен.

Одлуката падна на вчерашната седница на Извршниот одбор на Европската боксерска конфедерација.

На седницата во рускиот град  Владикавказ одлучено е боксери од 12 земји да учествуваат во натпреварите, како би се подготвителе за подобри резултати на европско и светско ниво.

Деталите ќе бидат познати на следната седница на Извршниот комитет, која ќе се одржи во Белград на 20 април.